Општи одредби и услови

Возилото е неотуѓива сопственост на Агентур Рентакар Дооел корисникот нема други права, освен истите кои му ги дава наемниот договор.

1. Овластено управување со возилото
Изнајменото возило може да го возат лица постари од 23 години кои имаат возачка дозвола 3 години (3x365 дена).

2. Наем на возило 
Возилото го презема корисникот на возилото со склучување на наемен договор. Со потписот на договорот потврдува дека возилото и целата опрема наведени на страна 1 од договорот е во исправна состојба. Корисникот е должен да го врати возилото во рок наведен на договорот.

3. Опрема
Изнајменото возило не смее да се употребува:
   a) за платен превоз на патници и стока
   b) ако лицето кое го склучило договорот, дало лажни податоци
   c) за било кои натпреварувања, брзинска проба или трки
   d) под влијание на алкохол, средства за смирување, наркотици, средства за спиење и др. лекови
  e) кога возилот не е во возна состојба или е преоптоварено со прекубројни патници или багаж изминатата регистрација, или од било која причина возилото не е технички исправно
   f) надвор од категоризираните сообраќајници
   g) надвор од одредени услови, забрани или препораки, кои се однесуваат на употребата на возилото во одредени држави или региони, корисникот ги усогласува со условите пропишани на договорот. Агентур Рентакар Дооел ја одбива одговорноста за било каква загуба или оштетување, кое било предизвикано со непочитување на горните забелешки

4. Одговорност на корисникот за штета
Корисникот одговара за целата штета на возилото, делови и дополнителна опрема која не се признава по услови и одредби на каско осигурување. Корисникот одговара исто за штета која би настанала на возилото, деловите и дополнителната опрема од несоодветна употреба. Корисникот одговараи за штетата која би настанала поради замена на делови или опрема, кога истата замена не епотребна, односно била направена така да нов или добар дел е заменет со стар или послаб. Корисникот се обврзува секоја константна штета, надвор од одредени услови, да ја подмири по поднесувањето на дополнителната смета која е доставена од Агентур Рентакар Дооел.

5. Плаќање на фактурата - По завршувањето на наемот се прави пресметка на наемниот договор, брз основа на ценовникот, со важност при склучување на договорот со посебни услови. Корисникот е должен да ја подмири сметката при враќањето на возилото по приложената сметка, односно во рок од 8 дена по приемот на фактурата. Ако фактурата не е платена во рок, пресметуваме затезна казна во согласнос со законските прописи, ако во договорот не е поинаку договорено.

6. Продолжување на наемот - Кога корисникот сака да го продолжи наемот за тоа мора еден ден однапред да ја извести деловницаташто го издава возилото. Во случај на не исполнување на овој услов, се смета дека корисникот противправно го присвоил возилото и Агентур Рентакар Дооел е должна да го пријави во обвинителството. Во случај кога корисникот возилото го враќа по датумот наведен за време на склучување на наемниот договор, а во тек на наемот дошло до промени во цените се пресметуваат новите цени од денот кој бил предвиден возилото да се врати. По новите цени се пресметуваат и километрите и тоа: бројот на поминатите километри се дели со бројот на наемните денови. На тој начин, добиениот просечен број поминатите километри на ден се множат со број на пресметаните денови над договорениот датум за враќње на возилото и така добиените километри се пресметуваат по нова цена.

7. Километража - Бројот на извозените километри за време на наемот на возилото се утврдува според фабрички вградениот бројач на километри. Бројачот на возилата се пломбирани, а корисникот мора при превземањето на возилото да се увери дека пломбата е на свое место.

8. Во случај при враќањето на возилото да се утврди дека пломбата е симната, на странката и се пресметува за секој наемен ден дополнителни 500 км по важечкиот ценовник.

9. Гориво - Горивото не е вклучено во цената на наемот. Возилото се издава и мора да биде вратено со полн резервоар гориво.

10. Одржување - Корисникот се обврзува дека ќе се грижи за возилото и редовно ќе го контролира нивото на маслото во моторот, автомобилскиот менувач, ако истиот постои во изнајменото возило, вода во ладилникот и акумулаторот, како и правилниот притисок во гумите. Маслото мора да се менува на секои 10000 км. Трошоците на корисникот ќе му се признаат ако приложи сметка или фактура од даночното претпријатие. Корисникот е должен да ги плати сите оштетувања од недоволно одржување.

11. Дефекти - Поправка или замена на делови на возилото може да се извршат само во овластени сервиси, а со претходно одобрение од деловницата која го дала возилото на наем. Трошоците на корисникот му се враќаат по приложување на сметката. Во случај на замена на делови корисникот е должен да ги приложи и заменетите делови. Во случај да е поправката направена во странство наемникот е должен и покрај претходната дозвола од деловницата за поправка при премин на државната граница да ја завери сметката за извршена поправка и да го пријави земенетиот дел. На корисникот по договор и по претходно одобрување му се признаваат трошоците во висина на приложената сметка во денари, пресметано последниот курс на Народна Банка на Македонија на денот на пресметувањето. За поправка во странство без претходна согласност на Агентур Рентакар Дооел по враќањето на возилото на корисникот му се признаваат трошоците по приложената сметка, во висина која ќе ја оцени комисијата на Агентур Рентакар Дооел а во противвредност на денари по средниот курс на Народна Банка на Македонија на денот на пресметувањето. Ако програмата била извршена надвор од овластен сервис без претходна најава и без приложена сметка, трошоците не се признаваат. Ако при враќањето на возилото се констатира дека било кој дел од возилто, опремата или дополнителната опрема е изгубен, корисникот е должен да ја плати штетата во висина на цената на изгубениот дел или опремата која важи на денот на враќањето на возилото.

12. Документи и клуч - Сите возила се опремени со потребните документи, вклучувајќи ги и документите за прием преку државна граница, за кои наемникот одговара. Во случај на губење на документите или клучот, наемникот е должен да ги подмири трошоците за истите во висина од 100 ЕУР во ден. износ.

13. Осигурување на патници - Со дневна доплата во висина која се одредува според важечкиот ценовник, возачот и патниците се осигурани од телесни повреди и смрт, според важечката полиса.

14. Осигурување на возилата - Сите возила сопственост на Агентур Рентакар Дооел се осигурани против одговорност од штета на трети лица. Осигурителната Заедница ја покрива штетата која ја направиле возилата, до висина со закон одредениот осигурителен износ, на ден на случувње на штетата. Сите возила кои се сопственост на Агентур Рентакар Дооел се каско осигурани со франшиза. Корисникот ја покрива штетата до висина на одбиената франшиза во случај да однапред го нема платено дневниот надоместок за осигирување по важечкиот ценовник. Осигурувањето во никој случај не ги покрива штетите настанати на коритото за масло (картет) и гумите, кои што ги сноси корисникот сам.

15. Осигурање од кражба - Возилото, алатите, приборот и опремата можно е со доплатата во висина од договорот кој ги одредува важечкиот ценовник, да се осигураат од кражба. Во случај такво осигурување да не е склучено а дојде до кражба на возилото, делови, алат, прибор или опрема, а тие штети не ги покрива осигурувањето, корисникот е должен штетата да ја надомести. За секоја кражба мора да биде известена најблиската полициска станица и деловницата на Агентур Рентакар Дооел која го издала возилото во наем.

16. Незгоди - За секоја несреќа мора веднаш да се извести најблиската полициска станица и деловница на Агентур Рентакар Дооел која го издала возилото. Потребно е да се пополни посебен формулар за незгодата, кој е приложен со документи од возилото, со сите податоци за незгодата и истиот да се достави во деловницата на издавање. Корисникот се обврзува дека ќе соработува со Агентур Рентакар Дооел во истрагата и постапката, односно несреќата. Доколку корисникот не ги исполни условите од овој член должен е трошоците предизвикани со несреќата да ги плати сам.

17. Важност и промени на наемниот договор - Наемниот договор стапува на сила по потпишување на двете договорени страни. Истовремено со наемниот договор важат и можните посебни договори, опреми или препораки, кои по приемот и со потписот на одговорниот корисник ги потврдил а се во прилог како составен дел на договорот. Ниедна одредба или услов од договорот не може да биде промената без согласност на Агентур Рентакар Дооел.

18. Сите вработени во Агентур Рентакар Дооел имаат право во секое време да го контролираат возилото. Во случај при контрола да утврдат дека корисникот ги крши одредбите од договорот, сите вработени во Агентур Рентакар Дооел се овластени да го одземат возилото. Вработениот при интервенцијата е должен, кога тоа е можно, да се докаже дека е вработен во Агентур Рентакар Дооел. Пресметката за наем на возилото се прави денот кога е возилото повторно во деловницата на Агентур Рентакар Дооел.

19. Корисникот сам одговара за сообраќајните прекршоци за време на наемот. Корисникот сам одговара за висината на шететата која ја предизвикал со возилото за време на наемот, а осигурувањето од било кои причини не ја покрива штетата.

20. Во случај на спор договорена е надлежноста на судот во Скопје.

21. Дефинирање на термините:
   a) Агентур Рентакар Дооел - Сопстевник на возилото, ко е предмет на наемниот договор, со полн назив Агентур Рентакар Дооел Скопје ул. Рузвелтова 5а лок. 7, 1000 Скопје, Македонија
   b) Корисник/Наемник - Лице кое го зело возилот на наем по договор и се обврзало да го подмири сите трошоци од наемот
   c) Возач - Лице кое физички управува со возилото